ИК одлучи ВМРО-ДПМНЕ да дејствува со една пратеничка група - координатор ќе биде Никола Мицевски

По вечерашното заседавање на ВМРО-ДПМНЕ донесена е одлука партијата во Собранието да дејствува со една пратеничка група, а координатор да биде пратеникот Никола Мицевски од Штип, пренесува СДК.

За формирањето на единствена пратеничка група, според собранискиот Деловник, ВМРО-ДПМНЕ треба да го извести претседателот на Собранието Талат Џафери.

Тој беше беше координатор на 10-те пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ кои беа формирани кога почна расправата за смена на поранешниот јавен обвинител Марко Зврлевски со цел да се одолговлекува со процедурите.

Мицевски доаѓа на местото на Драган Данев, кој се повлече од функцијата поради последните случувања од партијата.

За други детали од вечерашниот состанок на ИК најавија сопштение и објава на лидерот на партијата Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Јован Никушевски е најновиот член на ВМРО ДПМНЕ кој вечерва поднесе оставка од претседател на УМС Карпош. Оставка на претседателската функција во Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесе Даниела Рангелова, а потоа и нејзините први соработнички – Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска.

Денеска оставка поднесе и Лука Кржалоски, претседател на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ. По овој  негов чин, оставки вечерва поднесоа и претседатели на неколку општински организации на УМС.

 

 

 

31.10.2018 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа