Груевски ќе побара одложување на затворската казна за случајот „Тенк

На  8. ноември, поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски ќе треба доброволно да се јави во затворот Шутка на издржување двегодишна казна затвор.

Телма објави дека поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ денеска преку својот адвокатски тим и официјално ќе побара одложување на двегодишната затворска казна на која е осуден поради случајот „Тенк“.

 

Се наведува дека информацијата ја потврдиле и адвокатите на Груевски, кои не сакале да прецизираат врз основа на што ќе биде побарано одложување.

Одбраната, наводно рекла дека одложување на казната затвор ќе биде побарано поради неодложени обврски на Груевски кои произлегуваат од неговата работна позиција и функција која ја извршува како пратеник на македонското Собрание.

Законите пак, дозволуваат одложување на затворска казна во осум случаи, меѓу кои се и здравствено-медицински, семејни и деловни причини, а можноста за одложување е најдолго до година дена.

Во затворот во Шуто Оризари Никола Груевски ќе треба да отслужи двегодишна затворска казна врз основа на спорната набавка на луксузниот „мерцедес“ за што СЈО го обвини во случајот „Тенк“ и за кој се востанови дека блиндираното возило е платено 600 000 евра.

 

 

 

29.10.2018 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега