Пешевски: Македонската економија се движи со стапки на раст подобри од оние на ниво на Европа

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, денеска нагласи дека доколку се гледа години наназад, буџетот генерално се остварувал добро, позитивно, но сепак, подвлече, ќе зависи од тоа што ќе се случува во економијата национално, особено со европската економија.

- Познато е дека во првите два квартали имавме исклучетелно позитивни трендови и стапки на раст од 2,9 и 3,9 отсто што е над нашите очекувања. Иако степенот на раст за идната година го проктиравме на 3,2 проценти што е дури и понизок од просекот, македонската економија се движи со стапки на раст подобри од генерално гледано од оние на ниво на Европа, изјави вицепремиерот Пешевски по отворањето на 8.советување на Македонскиот комитет за големи електрични системи во Охрид.

Доколку во Европа трендовите се позитивни во Македонија ќе имаме уште попозитивни резултати.

- Ако се погледне, не само структурата на буџетот, но и она што е најавено како инвестиции особено во делот на инфраструктурата, како и она што го работиме со директните странски инвеститори, може да се очекува дека за следната година за Македонија ќе има поволен тренд, изјави Пешевски.

- Мислам дека истото тоа ќе го правиме и наредната година, сите индикации од страна на Нарондата банка укажуваат дека макроекеономската стабилност ќе биде задржана што би требло поволно да влијае врз економијата и реализацијата на буџетот, рече  вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски. 

22.09.2013 - 13:44
Фото: 
Сител

најчитано сега