ГДУ: Вицепремиерот Хазби Лика не оди на работа

Граѓанско демократската унија – ГДУ обвини дека вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика, не оди на работа. Според партијата, партиска книшка, а не стручност и образование, е критериумот за вработување и напредување во администрацијата.

„И додека администрацијата си се полни со партиски послушници, а директор се станува по партиски заслуги, рамковните административци си останаа недопирливи печалбари во странство. Па и вицепремиерот Хазби Лика пред неколку месеци разбравме дека не одел на работа и од кога се појавија овие информации го нема и да се појави во јавноста, да каже што правиме со овој проблем што се провлекува низ годините“, велат од ГДУ.

Од таму го прашуваат Лика врз основа на што рамковните административци добиваат плата?

„Што се случи со операцијата за активирање на овие луѓе? Или ги активирате само за избори? Крајно време е да и одговорите на јавноста. Министерот Манчевски, пак, им дава рок уште, ако не нашле во одреден временски рок соодветен ангажман, а не кажува колкав е тој рок, дури тогаш ќе се преземело нешто. Од кога го слушаме ова и пак ништо, плата од македонскиот буџет секој месец си легнува на нивна сметка“, велат од партијата.

 

 

 

26.10.2018 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега