Тепачка во Скопје: Маж итно однесен на Клиника

Маж се здоби со тешки телесни повреди при тепачка вчера попладнето во Скопје.

 

Имено, во 12:50 часот  во Скопје, на улица „Никола Карев“ во влез на зграда,  настанало наршување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу 46-годишниот Џ.С., 20-годишниот Џ.Д. и 40-годишниот И.С., сите од Скопје, од една страна, и 57-годишниот К.Н.од село Селце, крушевско, од друга страна, при што К.Н. се здобил со тешки телесни повреди. К.Н. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Лицата се повикани во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

26.10.2018 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега