Штип: Влегол преку прозорец и украл оружје

Штипјанка пријавила во полициската станица во Штип дека била ограбена куќата на нејзиниот покоен татко.

Се работи 46-годишната С.П. која пријавила дека непознат сторител насилно отворил еден од прозорите во куќата на нејзиниот покоен татко, влегол внатре и по извршено пребарување по собите одзел пушка ловен карабин „Црвена Застава“  кој со дозвола ја поседувал нејзиниот татко, патрони за ловната пушка и куршуми за карабин.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

21.09.2013 - 13:56

најчитано сега