Таа се барала 4 години, син и важел за исчезнато лице - скопјанка заврши зад решетки

Во 19.10 часот вчера на Граничен премин Аеродром Скопје, како депортирани лица, од Шведска допатувале 38-годишната М.Ш. од Скопје и нејзиниот 11-годишен син.

Тие заминале во Шведска во 2014 година и побарале азил, но не им било прифатено барањето и биле вратени во Македонија. По извршена проверка било констатирано дека М.Ш. се наоѓа на листа со мерка „Апси“, додека момчето се наоѓа на листата „исчезнато лице“.

Лицата се приведени, по што момчето било предадено на инспектор за малолетничка деликвенција за понатамошна постапка, додека М.Ш. била предадена на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба за спровод до Казнено поправната установа Идризово .

 

 

 

03.10.2018 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега