Сашко Гигов - Гиш: Како секој нормалечн човек иднината на Македонија ја гледам во Европа

 

Пред неколку дена излезе видео спотот за песната „Излези ЗА европска Македонија”, кој претставува поддршка за претстојниот референдум.

Веднаш по објавувањето на видеото следуваа лавина реакции од јавноста, на што се огласи и популарниот македонски поет, есеист и естраден уметник Сашо Гигов – Гиш кој ја објасни причината за учеството во спотот.

 

„Ми се јави мојот драг пријател, пејачот Арбен – Бени Шаќири и ме праша дали сакам да учествувам во спотот. Ми ја пушти песната. Ми се допадна и прифатив. Како секој нормален човек, иднината на Македонија ја гледам во Европа. Нема никаква политичка заднина, туку во прашање е здравиот разум. Тоа е мојот личен избор и перцепција”, вели Гиш, пренесува 24 инфо.мк

Во проектот за поддршка за рефередендумот, освен Гиш, учествуваат и Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Бени Шаќири, Виолета Томовска, Ѓоко Танески, Драган Спасов-Дац, Дани, Викторија Лоба, Бубо Каров, Дарио, Кристина Арнаудова, Александар Митевски и многу други.

 

 

 

19.09.2018 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега