Аеродром: Домашните миленичиња да не се шетаат во градинките и училиштата

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да ги почитуваат законските одредби во врска со домашните миленици и да не ги шетаат во дворовите на градинките и училиштата на територијата на општината.

Од Општината велат дека до нив стигнуваат поплаки дека несовесни граѓани ги пуштаат милениците во дворовите од градинките и училиштата, во кои во текот на денот си играат децата.

Законските одредби предвидуваат домашните кучиња да носат заштитна маска и да бидат врзани и нивниот измет да се собира и да се фрла во кантите за отпадоци.

Од Аеродром ги потсетуваат граѓаните дека можат да пријават кучиња-скитници и други улични животни во службите на ЈП „Комунална хигиена“, во Шинтерската служба, на телефонот 8201-357.

20.09.2013 - 14:22

најчитано сега