Димитров: Посетата на секретарот за одбрана на САД огромен сигнал за Македонија

Посетата на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис на Македонија, што треба да се оствари овој викенд, е огромен сигнал дека сите овие процеси се важни за Вашингтон, бидејќи главниот интерес на Вашингтон на Балканот е стабилност и да нема нови проблеми во регионот, изјави денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров по средбата со неговиот албански колега Дитмир Бушати.

Во однос на интензивните посети на истакнати европски и светски дипломати на Македонија пред претстојниот референдум, Димитров рече оти светот видел решителност на Македонија да се соочи со проблемите, да ги затвори заедно со соседите, и да тргне напред и тоа, рече, е во основата на силната дипломатска поддршка. 

- Во светот во моментов има премалку решавање на крупни проблеми. Ова е проблем што нас не држеше заклучени и назад три децении и оттука ова е шанса не само за Македонија, туку и за Балканот и за цела Европа да се затвори едно прашање, да се направи напредок и чекор кон просперитет и кон стабилност пред се за нас но и за целиот регион, рече Димитров.

Во врска со неодамнешните коментари во медиумите дека за првиот референдум за независност во 1991 година немало толку посети на странски дипломати, Димитров рече оти доколку имало, веројатно Македонија немала да чека две години од референдумот до членството во Обединетите нации.

 

 

 

13.09.2018 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега