САС на МПЦ-ОА: Граѓаните се политички зрели и слободно по свое уверување ќе се изјаснат на референдумот

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија смета дека  граѓаните на Република Македонија се политички зрели и оти на претстојниот референдум слободно по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор.

- Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија ја изразува својата доверба во политичката зрелост на граѓаните на Република Македонија, кои на престојниот референдум, слободно и по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор, се вели во соопштението од Синотот од неговата денешна редовна седница.

САС на МПЦ-ОА на седницата ги разгледал и тековните црковни активности, а особено внимание обрнал за последните подготовки околу престојниот Архиепископски црковно-народен собор, кој ќе се одржи на денот кога е одржан историскиот собор пред 60 години и кога МПЦ-ОА го празнува Соборот на сите македонски свети, од 5 до 7 октомври 2018 година.

Исто така, Светиот Синод ја разгледал работата на воспитно-образовните институции на МПЦ-ОА, извештајот од матурските и приемните испити и почетокот на новата учебна година. 

 

 

 

13.09.2018 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа