Не му дал предност па излегол да го убие - пазете се од нервозните возачи низ Македонија

46 годишен тетовчанец си заработи кривична пријава откако во август годинава избоде свој сограѓанин.

Како што информираат од полицијата, 46 годишниот А.З. додека се возел по тетовските улици со својот „Фолксваген“, започнал расправија со својот сограѓанин Б.Р., бидејќи тој со своето „Рено Клио“  не му дал првенство на минување. Расправијата прераснала во тепачка, па А.З. извадил нож, го забодел Б.Р. во градниот кош и избегал.

Тетовчанецот ќе одговара за „убиство во обид“, „тешка телесна повреда“ и „неукажување на помош“. 

20.09.2013 - 11:23