Сијарто: Унгарија ќе бара правда за оваа одлука на ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто изјави дека одлуката на Европскиот Парламент да покрене казнени мерки против неговата земја е мала одмазда на про-мигрантските политичари од Европа.

Сијарто рече дека Унгарија ќе бара начин да ја оспори одлуката на ЕП.

 

„Денешната одлука на Европскиот Парламент не е ништо друго освен ситна одмазда на про-мигрантските политичари против Унгарија. Одлуката беше донесена против правилата на европските договори“, изјави министерот за надворешни работи.

Со реакција се произнесе и унгарскиот премиер, Виктор Орбан кој порача дека мерките на Брисел против Будимпешта го кршат Договорот за ЕУ.

Претходно, Европскииот парламент гласаше  за активирање на Членот 7, кој ќе ѝ овозможи на ЕУ да ги спроведе казнените мерки против Унгарија која беше обвинета од Брисел за поткопување на владеењето на правото во земјата.

 

 

 

12.09.2018- 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега