Во недела ни доаѓа есента

Во недела на 22. септември, во 22:44 часот и официјално ќе дојде есента на северната хемисфера на Земјата. На јужната полутопка, пак, доаѓа пролетта.

Есента ќе трае 90 дена и ќе заврши на 21 декември во 18 часот и 11 минути.

ВО недела, Сонцето ќе изгрее во 6:27, а ќе зајде во 18:38 часот.

Во моментот на доаѓањето на есента Сонцето ќе биде оддалечено од Земјата 150.122.034 километри, а тоа растојание сончевите зраци до планетата ќе го поминуваат за 8 минути и 21 секунда.  

На првиот есенски ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени

20.09.2013 - 10:18

најчитано сега