Пред Судот се чека да помине Столтенберг во Мерцедесот за кој внатре му судат на Груевски

Демонстранти кои го поддржуваат екс премиерот Никола Груевски во моментов го чекаат Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да помине пред скопскиот во Мерцедесот за кој во моментов на седница на Апелација му се суди на Груевски.

Се очекува Столтенберг да помине во блиндираното возило токму на оваа траса, доколку се разбира, во меѓувреме МВР не реши дека некоја алтернативна е подобрата.

Како најави Груевски вчера на прес-конференција во Собранието тој и неговите четири адвокати денес не се појавија во Апелација на закажаната седница.

Во „мерцедесот“ за кој му се суди на Груевски во случајот „Тенк“ на СЈО, токму денес ќе се превезува шефот на НАТО Јан Столтенберг, в петок „мерцедесот“ ќе се користи за високиот гостин, канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, а на Денот на независноста во него ќе се вози канцеларката на Германија, Ангела Меркел.

 

 

 

 

05.09.2018 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега