Драма во пекара: Итната помош доцнела па маж искрварил до смрт

 

Итната помош во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, доцнела на интервенција, па постар маж искрварил до смрт, јавуваат босанските медиуми.

Идентитетот на мажот за сега е непознат.

Во една пекарница, утрово се одвивала вистинска драма. Имено, еден постар маж, паднал во несвест, но удрил со главата во ѕид, по што почнал да крвари.

Очевидци во паника повикале Брза помош, која доцнела цели 25 минути, кога мажот веќе искрварил.

Оваа небрежност на брзата помош крена многу прашина во Босна и Херцеговина, а дали ќе има санкции за докторскиот тим ќе се знае наредните неколку дена.

 

 

 

 

05.09.2018 -11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега