Европска недела на спортот во насока на промовирање на здрав живот

 

Агенцијата за млади и спорт е носител на проектот на Европската комисија „Европска недела на спортот“ која од 23-30.09 се одржува на територија на цела Европа, па и кај нас.

Изминатиов период, но и во периодот на „Европската недела“, се одржуваат настани во насока на промовирање на неделата на спортот и сите активности кои таа ќе ги содржи.

Европската недела на спортот насловена како Beactive ќе придонесе за развој на спортот во смисла на активно вклучување на граѓаните, индивидуално и институционално унапредување и промовирање на стилови за водење грижа на здрав живот на секој поединец.

Воведувањето на овој проект во Република Македонија на локално ниво ќе овозможи квалитетни активности кои создаваат вредност и одржливи резултати кои ќе ја продолжат #BeActive пораката во земјата.

 

 

 

05.09.2018 -10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега