Си: Кина ќе инвестира во Африка

 

Кинеските фондови во Африка не се наменети за „бескорисни проекти” туку за изградба на инфраструктура што  може да ги отстрани пречките за развој, рече денеска кинескиот претседател, Си Џинпинг, кој истовремено ги повика кинеските претпријатија да ги почитуваат локалното население и животната средина.

Зборувајќи на бизнис-форум пред почетокот на тригодишниот кинеско-африкански самит, Си рече дека кинеското инвестирање во Африка не е поврзано со политика.
„Кина не се меша во внатрешните работи на Африка и не ја наметнува својата волја за тоа. Ние го цениме заедничкото искуство во развојот и поддршката што можеме да ја обезбедиме за национален просперитет“, истакна Си.

 Кина негира дека е ангажирана во дипломатијата како „замка на долг”, но Си најверојатно ќе го искористи собирот на африканските лидери за да понуди нова рунда финансирање откако вети 60 милијарди долари на претходниот самит во Јужна Африка пред три години.

 

 

 

04.09.2018 -15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега