Ѕанакопулос: Договорот од Преспа е знак дека разликите веќе ги нема

 

Договорот од Преспа е од историски карактер, симбол на пријателството на народите и целосно ја менува сликата на Балканот, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „247“.

Во врска со протестите кои ќе се одржат во Солун овој викенд Ѕанакопулос вели дека Владата ги слуша и ги почитува несогласувањата, реакциите, протестите, „но не постои никаква можност, под никакви околности да ги промени веќе донесените политички одлуки“.

- Мислам дека Договорот со поранешната југословенска Република Македонија е од историски карактер, симбол на пријателството на народите и за начинот на кој треба да се решаваат билатералните и меѓународните спорови. И мислам дека се повеќе луѓе, како што поминува времето, ја разбираат оваа посебност на Договорот, вели Ѕанакопулос.

- Веќе постојат доста политички сили и Река, но и доста пратеници од Движење на промена, кои имаат кажано дека ќе задржат позиција заснована на принципи.  Според тоа, позитивно ќе гласаат за Договорот. И ова е за почитување. Па така, апсолутно немам никаква загриженост дека ќе успееме да имаме едно доста широко мнозинство во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот со ПЈРМ, објаснува Ѕанакопулос во интервјуто за грчкото радио.

 

 

 

04.09.2018 -14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега