И чешки цариник повреден во Косово

При нападот на возилата на Мисијата на Европската унија (ЕУЛЕКС) на територија на косовската општина Звечан извршен од непознати лица, во кој е убиено едно лице од Литванија, повреден е и чешки цариник, соопшти портпаролот на чешката полиција Ивана Јежкова.

- Во инцидентот, до кој дојде денеска во Косово со мисијата ЕУЛЕКС, немало полицајци. Не се работело за полициска патрола. Според нашите информации, тоа било патрола од припадници на Царинската управа на земји кои учествуваат во ЕУЛЕКС, додаде Јежкова.

Чешкиот министер за надворешни работи во заминување, Јан Кохоут, кој моментно е во посета на Белград, остро го осуди инцидентот, пренесува дописникот на МИА од Прага.

- Ќе бараме целосно откривање и казнување на виновниците. Ситуацијата која се случи ми дава само повеќе причини дека Еулекс треба да остане и идната година во истиот опсег како и досега и со истите надлежности, додаде Кохоут. 

19.09.2013 - 15:46
Фото: 
србин.инфо