Пукање во Сан Бернандино, најмалку десетина повредени

 

 

Најмалку десет лица се повредени во пукање што се случи во станбен комплекс во американскиот град Сан Бернардино, потврди полицијата.

„Најмалку тројца од повредените се во критична состојба“, изјави полковникот Ричард Лоуд.

Станарите на комплексот во кој се случило пукањето велат дека слушнале рафали, помеѓу 15 и 20 пукотници, известува Си-ен-ен. Голем број амбулантни возила се присутни на самото место на настанот.

Засега не е познат идентитетот на напаѓачот и мотивот на ваквиот брутален напад.

 

 

 

03.09.2018 -13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега