Работела како шивачка и била во врска: Кој и зошто ја уби 47 годишната жена од Охрид

Дежурен јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство Охрид вчера доцна попладнето извршил увид на лице место во семејна куќа во охридското село Велгошти, каде беше пронајдено безживотно тело на жена, информира Обвинителството.

Починатата ја пронашле соседите во нејзиниот дом, каде што живеела сама. На телото биле видливи траги на насилство.

По наредба на јавниот обвинител, на лице место се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице.

Се трага по сторителот.

Соседите беа изненадени од страшната вест. Во изјава за медиумите кажаа дека не чуле ништо. Нивната сосетка Б.П. (47) имала две полнолетни деца и работела како шивачка. Била во врска со маж кого често го гледале тука.

Истрагата треба да ги открие причините за убиството.

Инаку, ова е втор случај на убиство во земјава оваа недела. Во Дебар засега непознат сторител со огнено оружје усмрти татко, мајка и дете. Овој случај се уште не е расветлен

 

 

 

01.09.2018 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега