Цеца заврши во болница - не можела да стои на нозе

 

Српската мегаппуларна пејачка Светлана Ражнатовиќ - Цеца заврши во болница поради што денеска не можеше да се појави на судењето за напад на Александар Оларевиќ кое требаше да се одржи денес во Првиот основен суд во Белград.

Адвокатот на пејачката тврди дека и било многу лошо веќе два дена, но денеска колабирала: Пејачката е во болница, чувствува омалаксаност, слабост и не може да стане на нозе, изјави нејзиниот адвокат Зоран Петронијевиќ.

Цеца денеска 40 минути пред да почне рочиштето му се јавила на бранителот за да го извести дека не може да присуствува бидејќи семејството ќе ја носи во болница.

Адвокатот  најдоцна до утре ќе достави до судот лекарско оправдание од здравствениот центар каде е примена неговата клиентка.

19.09.2013 - 14:27

најчитано сега