Хакерски напад во белгиското МНР
Информациските системи на белгиското Министерство за надворешни работи биле „пробиени“ од хакери, кои веројатно дошле до чувствителни информации, објави денеска белгискиот весник „Еко“.
Овој хакерски упад што се случил во почетокот на 2012 година, го потврдија од министерството, но се уште не утврдиле дали станува збор за кражба на доверливи податоци.
- Хакерите имале пристап до доверливи материјали, поврзани со белгиската надворешна политика, пишува белгискиот весник „Еко“.
Белгиското обвинителството почнало со истрага веднаш по поднеувањето на пријавата за хакерски упад во информациските системи.
Шпионирањето на информациските системи на министерството траело неколку месеци и било масовно.
19.09.2013 - 12:04
Фото:
Нетпрес