Берлускони и понатаму останува во политиката

 

Синоќа комитетот на италијанскиот Сенат презеде прв чекор за отстранување од Парламентот на поранешниот премиер Силвио Берслускони, заради обвинувања за финансиски малверзации.

Берлускони пред гласањето, пред присутните рече дека ќе продолжи да се занимава со политика. Комитетот на Сенатот во кој доминираат политички противници на Берлускони го отфрли синоќа техничкото барање на неговата партија „Народ на слободата“ да му биде потврден мандатот на Берлускони што поттикна членови на десниот центар да ја напуштат седницата.

- Ова беше политичко гласање за да се уништи Берлускони, изјави сенаторката Елизабета Каселати од ПДЛ.

- Берлускони е на пат да биде отстранет од Парламентот, сметаат левичарите 

- По вечерашново гласање, статусот на Берлускони е официјално доведен во прашање, изјави Дарио Стефано од малата левичарска партија Левица, екологија слобода.

- Ќе останам со вас без оглед дали ќе има ‘паѓање на Берлускони’ или не. Можно е да се занимавам со политика и вон Парламентот, рече Берлускони во видео обраќање пренесувано од РАИ Њуз 24.

- Од Би-Би-Си наведуваат дека обраќањето на Берлускони било емотивно  и дека потенцирал дека во Италија се „извртуваат“ демократските пронципи.

19.09.2013 - 11:00
Фото: 
Дојче Веле

најчитано сега