Викендов нема шетање на Камениот мост и мостот Око

Град Скопје по четврти пат, во соработка со Средното угостителско училиште на Град Скопје „Лазар Танев“, го организира настанот „Појадок на мост” што ќе се одржи на Камениот мост и мостот Око во недела од 09 до 11 часот.

Заради подобра организација, на ден во сабота од 18 часот до недела во 13 часот,  двата моста ќе бидат целосно затворени пешаци, информираат од Град Скопје.

 

На настанот во недела граѓаните мора да го понесат со себе и бесплатниот билет кој можат уште денеска да го подигнат лично, со документ за идентификација, на пултот поставен пред градската кафеана „Пелистер“.

-Пунктот на плоштадот Македонија е поставен од 10 до 15 часот, а секој посетител кој има обезбедено билет ќе добие бесплатен ланч пакет и пијалак, обезбедени од нашите донатори. Земајќи го  предвид големиот интерес за овој настан, а заради специфичноста на просторот на кој се организира, бројот на посетители годинава е ограничен на 2 500, информираат од Град Скопје.

19.09.2013 - 10:41

најчитано сега