Сопственикот на хотел Арка: Не бркаат од скопската чаршија бидејќи сме Македонци (Видео)

Од хотелот „Арка“ се жалат дека од утрово до попладнево биле изложени на, како што велат, вандалски напад од страна на 20-ина хулигани организирани од сопственик на дивоградба, која, според тврдењето на сопственикот на „Арка“, Сашо Џиковски, се гради во Старата скопска чаршија.

Како што пренесе Макфакс, полицијата интервенирала неколкупати, меѓутоа им рекле дека повеќе не се во можност да ја гарантираат нивната безбедност и им порачале да си ангажираат приватно обезбедување. 

- „Ова е резултат на неколкумесечен напад со цел насилно затворање на хотелот и преземање на паркинг-просторот, а тоа е потикнато од нашата етничка припадност како последна македонска фамилија што оперира во Старата скопска чаршија и во овој дел од градот. Објектите и опремата што се уништуваат се сопственост на хотелот „Арка“ и за нив имаме соодветни одобренија и дозволи“, вели Џиковски за порталот.

 

 

 

 

23.08.2018 - 18:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега