Проблемот е решен: Ѕвезденото небо за Тоше ќе биде направено на плоштадот во Скопје

Надмината е неизвесноста околу одржувањето на традиционалниот настан кога фановите го прават ѕвездното небо на Тоше на градскиот плоштад во Скопје, пишува Дневник

Иако во истиот период на плоштадот е најавена манифестацијата Бела Ноќ, нејзиниот организиатор, Младинскиот културн центар за весникот вели дека од 19 до 21 часот на 5 октомври плоштадот ќе биде отстапен за одржување на манифестацијата во чест на трагично загинатата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески.

Од Kултурно-информативниот центар за Дневник велат дека на плоштадот Македонија од 19 до 21 часот на видеобимот ќе бидат пуштани спотовите на Тоше Проески за да се одржи традицијата, а потоа продолжуваат предвидените настани.

18.09.2013 - 23:19