ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Радмила Шекеринска и удираат шамар на АРМ

За жал Зоран Заев и Радмила Шекеринска и удираат шамар на АРМ.

Додека Зоран Заев прави неискрени хвалоспеви во реалноста удира по столбот на државноста, армијата на Република Македонија.

Додека Зоран Заев вели дека бил за НАТО, со ваква криминална власт НАТО е се подалеку. Ова е влада која успеа дури и од пропаднатата прослава за НАТО да пере пари изразено во илјадници евра.

И додека и Шекеринска и Заев сакаат да се сликаат со војниците, во реалноста тие се оставени на цедило и нема пари дури за нивен превоз. Тие од свој џеб си плаќаат за нешто што е обврска на државата. А да не збориме за лошата исхрана на војската додека министерката со државни хилихоптрери се развозува на скапи ручеци.

На крај односот на Заев спрема АРМ не е искрен. Не може да кажува дека ја почитува улогата на АРМ, а со договорот во Грција ќе го промени нејзиното име што е основно идентитетско обележје и дел од институционалниот идентитет како најзначајна компонента од националниот идентитет на нашата држава и народ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

18.08.2018 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега