Громови, град и поплави - циклонот Глорија „удри" во овие градови

Попладнево циклонот Глорија удри и во Охрид каде што имаше развој на нестабилна облачност и олуен систем добро развиен кој услови пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град, стои во анализата на Славчо Поповски.

Поројните врнежи условија поројни поплави а водата навлезе дури и во домовите а поради силниот ветер има и паднати стари дрвја но барем засега нема информации за штети.

Невремето, траеше околу еден час, екипи на Јавното комунално претпријатие „Охридски комуналец“ излегоа на терен и работат на расчистување на последиците.

Штетите од невремето дополнително ќе се утврдуваат.

Според податоците од УХМР, попладнево под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса беа североисточните и југозападните делови од земјава, каде што на повеќе места имаше пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Така нестабилноста, освен во Охридскиот регион, беше поинтензивна во регионот на Куманово и Крива Паланка, како и Пелагонија.

Во Скопскиот Регион беа зафатени само северните делови каде што имаше локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Пороен дожд и грмежи имаше и во Струмичкиот Регион. Нестабилната облачна маса се движеше од североисток кон југозапад. Во останатите делови од земјава преовладуваше сончево и топло време со умерена облачност и со слаб северен ветер.

 

 

 

17.08.2018 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега