МВР со детали: Позната причината за престрелката синоќа во Скопје

 

Синоќа околу 19:10 часот пред маркет на ул. „Лазо Трповски“ во Скопје поради нерасчистени должничко-доверителски односи, настанала расправија помеѓу 23-годишниот Б.Б. и 20-годишниот Р.Б. , двајцата од Скопје, од една страна и 51-годишниот К.И. од Скопје од друга страна.

 Во еден момент И.К. извадил пиштол, а Р.Б. се обидел да му го турне пиштолот од раката на К.И.. Притоа, К.И. почнал да пука кон Б.Б. и Р.Б., но тие успеале да побегнат и да останат неповредени. После тоа и К.И. го напуштил местото. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање  на К.И. и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

17.08.2018 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега