Нова трагедија на летувалиштето: Едно лице загина, осум се спасени

На Голема плажа во Улцин, Црн Гора под засега непознати околности едно лице го загуби животот, додека осум се спасени. Засега не се познати околностите на несреќата, а телото на удавениот го извлекле спасувачите на плажа, неофицијално објавува Мондо.

Реанимацијата не успеала. Од црногорската полиција е соопштено дека се удавил државјанин од Казахстан, чие тело вчера е извлечено од морето.

Од Управата на полицијта е соопштено дека несреќата се случила во 19 часот, но не се соопштени повеќе детали. Сите 9 лица од кои едно загина, биле капачи. Државјанинот на Казахстан е четврто лице кое смртно настрада во последните 24 часа во Црна Гора во несреќа на море и езеро.

 

 

 

17.08.2018 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега