УХМР најавува невреме - од понеделник нови промени

Во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, наместа ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. 

Утринската температура ќе се движи од 9 до 21 степен, а дневната  од 29 до 36 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура до 18 степени, а дневната температура ќе достигне до 35 степени. 

До недела ќе преовладува стабилно и суво време, но локално не е исклучена појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од понеделник на повеќе места се очекува да биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. 

 

 

 

17.08.2018 - 07:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега