Димитров почнува нов проект: „Прашајте го министерот“

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров при гостувањето на „24вести“ најави дека од наредната недела ќе започне нов проект „Прашајте го министерот“ и секој четврток ќе одговара на прашања поставени од граѓаните преку социјалните мрежи. Во текот на неделата граѓаните ќе поставуваат прашања, а во четврток навечер, министерот преку снимка во живо на социјалните мрежи ќе одговара на истите.

Овој проект започнува со цел граѓаните подобро да се запознаат и информираат со Договорот со Грција, да се расчистат дилемите и заблудите.

Во денешното гостување на „24вести“ Димитров им порача на гледачите да го прочитаат договорот.

-Анкетите покажуваат дека многу мал број од нив го направиле тоа. Уште сега им се извинувам на граѓаните затоа што следниот период често ќе ме гледаат по екраните, во нивни домови и градови и населени места. Ќе направам се што можам, огромен е влогот, пред нас е одговорна одлука, каде сакаме да биде Македонија – изјави тој.

 

 

 

 

16.08.2018 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега