Елена Велевска призна дека била жртва на семејсно насилство - се огласи и нејзиниот сопруг
Фолк пејачката Елена Велевска вчеравечер на социјалните мрежи откри дека информациите кои испаднаа во медиумите дека се разведува од сопругот Марјан се вистинити.
Таа преку статус потврди дека покренала бракоразводна парница откако неколку години трпела семејно насилство кое станало неподносливо, а сега за Вистина.мк, нејзиниот сопруг ја кажа својата страна.
- Мислам дека самите треба да процените какви комплименти даваше таа претходно за мене, дека јас сум најдобар родител, дека ја разбирам, дека во нејзината професија ретко кој разбира и одеднаш сум станал сега семеен насилник, а семејно насилство е кривично дело. Јас не знам како тоа досега не беше така. Се е тоа лага. Знам дека е покрената бракоразводна парница, немам добиено документи, но бев известен од адвокатот на 27-ми јули, вели тој ексклузивно за Вистина.мк.
Инаку, Елена Велевска и Марјан Мирчески се во брак од 2008.
Извор: ВИСТИНА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа