Пронајдени лични предмети на исчезнатата Лидија

 


Министерството за внатрешни работи презема низа мерки и активности со цел пронаоѓање на исчезнатата Л.Т. (43) од Јурумлери, скопско. Утврдено е движењето на жената, при што од раскрсницата од Јурумлери се упатува кон патот кој води кон Драчево, соопшти МВР за потргагата по Лидија која исчезна во петокот.

„Во текот на вчерашниот ден, во близина на мостот на р. Вардар, при пребарување на теренот пронајдени се предмети (кутија од цигари, запалка и џемпер).Од страна на нејзиниот сопруг препознаени се кутијата од цигари и запалката, односно од негова страна е потврдено дека се нејзини, додека за џемперот се изјаснил дека не е нејзин.

Од страна на полициски службеници од СВР Скопје извршени се обиколки по течението на реката Вардар, заедно со граѓани и роднини на исчезнатата. Искористен е и дрон во потрагата при што е извршено воздушно пребарување по текот на Вардар во должина од скоро пет километри се до селото Огњанци.

Дополнително пребарана е и пошироката околија и напуштени објекти. Потрагата продолжува интензивно и денеска, се до пронаоѓање на лицето, велат од МВР.

10.11.2024 - 20:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега