ВМРО-ДПМНЕ: Расте мега-скандалот со семејните тендери на Заев - од Струмица пари добивал и неговиот брат

Нов ден,нов скандал.

          Нова јавна набавка склучена со фирма во сопственост на фамилијата Заеви.

          Од ден на ден,  непотизмот, судирот на интереси и криминалното работење во Општина Струмица полека но сигурно, се одплеткува, се шири и добива се поголема тежина.

          Зоран Заев, вчера тврдеше дека од позиција на градоначалник на Општина Струмица никогаш не склучувал никакви договори за јавни набавки помеѓу општината и нејзините институции и фирмите во сопственост на неговото потесно семејство.

          Не е така. Општина Струмица има склучувано договори со фирми кои се сопственост на потесното семејство на Зоран Заев.

          Овие документи кои ги презентираме денес пред македонската јавност,  се уште една потврда за начинот на работење на Зоран Заев со Општина Струмица.

          Сега, дозволете ми накратко да објаснам за што се работи.

          Фирмата Сара Јавор Инженеринг ДОО Струмица, чиј сопствениците се, внимавајте, Вице Заев, родениот брат на Зоран Заев и Горан Крстев, човек добро познат во Струмица и човек кој се појавува како сопственик, ко-сопственик или член на Управен одбор на уште неколку фирми и се смета за еден од најблиските бизнис партнери и соработници на Заев, склучува договор за јавна набавка на ден 28.02.2011 со Општина Струмица во вредност од 348.808 денари за тампонирање на паркинг простор пред Градската капела во Струмица.

          Значи, Општина Струмица со градоначалник Зоран Заев склучува договор со фирмата на неговиот роден брат Вице Заев.

          Г-дине Заев, како ли само сега ќе го објасните ова на македонската јавност?

          Како ли ќе им го објасните ова на струмичани?

          Ова е уште еден школски пример за грубо кршење и непочитување на законите од страна на Зоран Заев и Општина Струмица. Како да не Ви беа доволни околу 30 милиони денари народни пари префрлени на приватната сметка на Вашиот татко, па сега и уште дополнителни 348.808 денари на сметка на фирмата на вашиот брат.

Има ли ова крај? 

Почитувани,

          Го слушаме вчера Зоран Заев како невешто и несмасно се правда дека договорите со фирмата на неговиот татко ги склучувала Општинската установа Детска Радост, а не тој лично.

          Не ги склучил договорите Зоран Заев со неговиот татко, туку договорот го склучил Директорот штого поставил Зоран Заев.

          Народот вели, Не по врат, по шија.

          Замислете што би се случило директорот да се осмелил да не му ги давал тенедерите на татко му на Зоран Заев.

          Од друга страна, вчера од Заев не добивме одговор зошто Зоран Заев склучил директен договор со татко му, Панчо Заев, во вредност од 84.400 денари за набавка на пакетчиња.

          Новата набавка, со брат му Вице Заев, да повторам, е директно склучена со Општина Струмица од страна на Зоран Заев од позиција на градоначалник.

          Г-дине Заев, начинот на кој сакате да ја избегнете политичката и моралната одговорност, само уште повеќе Ве заплеткува во својата мрежа на невистини , која самите ја создадовте во годините наназад.

         (Интегрален текст од прес-конференција на Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ)

18.09.2013 - 13:43

најчитано сега