Македонија и Босна и Херцеговина најмалку задолжени на Балканот

Според анализата на агенцијата „Анадолија“, Македонија и Босна и Херцеговина се земји со најмал јавен долг на Балканот, а најзадолжени се Србија и Хрватска.

Анализата покажала дека јавниот долг на Македонија во месец јуни изнесувал 34,1 проценти од Бруто домашниот производ, од што надворешниот долг е 1,66 милијарди, а домашниот 1,05 милијарди евра. Според податоците кои ги објави македонското Министерство за финансии на Република Македонија, јавниот долг во вториот кваратал од годинава изнесувал 34,2 проценти, а на крајот на јули е 33,6 проценти од БДП.

Босна и Херцеговина, пак, според податоците на Министерството за финансии и трезор на крајот на минатата година имала јавен долг од 3,63 милијарди евра или 34 проценти од БДП.

Јавниот долг на Србија во јули годинава е зголемен за 173,5 милиони евра и изнесува вкупно 19,08 милијарди евра, што е 57,7 проценти од БДП. Секој жител на Србија на крајот на 2011 година должел 818 евра или 2,2 просечни плати,  додека во септември 2012, долгот по разни основи пораснал на 1.225 евра.

На крајот на март оваа година, Хрватска имала јавен долг од околу 24,2 милијарди евра или 53,6 проценти од БДП. Надворешниот и внатрешниот долг на оваа држава во првите три месеци од годинава пораснал за 4,2 милијарди куни. Се очекува до крајот на годинава да достигне околу 26,5 милијарди евра, што е речиси 60 проценти од БДП.

Црна Гора се најде веднаш по Србија и Хрватска, чиј јавен долг во март годинава изнесувал 1.755,7 милиони евра или 50,3 проценти од БДП.

„Анадолија“ објавува дека, поради економската и финансиската криза во последните години, земјите од Балканот се повеќе се задолжуваат  за да успеат да одржат каква таква економска стабилност и благосостојба на своите граѓани.  

Пет европски земји имаат долг над 100 проценти од БДП. НА прво место е Грција со 160,5 проценти, Италија со 130,3 проценти, Португалија со 127,2, Ирска со 125,1 проценти и Белгија со 104,5 проценти од БДП. Најмалку задолжена во ЕУ е Естонија со 10 проценти од БДП.

 

18.09.2013 - 11:10

најчитано сега