Се бараат негувателка, психолог, логопед – плата 22.000 денари

Агенцијата за администрација објавува ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 75/2013
за вработување на 4 јавни службеници во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа
на Град Скопје – Скопје за следните работни места:
1. Логопед за дневен центар за деца со Аутизам – (1) извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) – Филозофски факултет Институт за дефектологија
- познавање работа на компјутери
- Неделно работно време од понеделник до петок; Дневно работно време од 08:30 до 16:30; Основна нето плата 22.309,00 денари
2. Дефектолог за дневен центар за деца со Аутизам – (1) извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) – Филозофски факултет Институт за дефектологија
- познавање работа на компјутери
- Неделно работно време од понеделник до петок; Дневно работно време од 08:30 до 16:30; Основна нето плата 22.309,00 денари
3. Психолог за дневен центар за деца со Аутизам – (1) извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) – Филозофски факултет Институт за психологија
- познавање работа на компјутери
- Неделно работно време од понеделник до петок; Дневно работно време од 08:30 до 16:30; Основна нето плата 22.309,00 денари
4. Негувател за дневен центар за деца со Аутизам – (1) извршител(и);
- Степен на стручна подготовка (III)
- Неделно работно време од понеделник до петок; Дневно работно време од 08:30 до 16:30; Основна нето плата 11.907,00 денари
Покрај горенаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје – Скопје заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на јавни службеници, предвидени во членот 15 став (2) од Законот за јавните службеници.
Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за јавен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кандидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за јавен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, ќе се спроведе интервју во рок од седум (7) дена од денот на полагањето на испитот, во просториите на институцијата за чии потреби е објавен јавниот оглас.
Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЈАВЕН СЛУЖБЕНИК(Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул.Јуриј Гагарин бр.15 – Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 75/2013) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://jsprijava.aa.mk.
Образецот на пријавата е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 61/2011 и на интернет локацијата http://aa.mk., Ненавремените и некомплетно пополнетите пријави нема да се разгледуваат

18.09.2013 - 11:12