Попоски и Џафери денеска во седиштето на НАТО на состанок со Вершбоу

Министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за одбрана Талат Џафери, денеска ќе го посетат седиштето на Северно-атлантската организација (НАТО), пишува МИА.

Според информациите од Алијансата кои ги пренесува МИА, министрите во НАТО ќе остварат средба со заменик-генералниот секретар Александер Вершбоу.

Попоски и Џафери ќе присуствуваат и на состанокот на Северно-атлантскиот совет (НАК). 

Од МНР информираат дека на состанокот во Брисел и македонските министри ќе се обратат на тема прогресот на политичко – економските и воено – одбранбените реформи во земјата во рамки на 14 циклус на Акциониот план за членство во НАТО. 

18.09.2013 - 08:34
Фото: 
mfa.gov.mk

најчитано сега