Тројца подведувачи уапсени во Тетово, врбувале девојки за проституција
Двајца жители на Тетово и тетовско, како и еден осомничен од Крива Паланка се уапсени при контрола на угостителски објект на тетовската улица „Илинденска“, соопшти полицијата. Тие се сомничат дека посредувале во вршење проституција, кривично дело за кое е предвидена казна затвор од пет до десет години.
На 06/07.02.2025 во периодот од 23.20 до 00.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државен пазарен инспекторат – Тетово, извршиле контрола во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово, со цел пронаоѓање и откривање на лица инволвирани во извршување на кривични дела.
За време на контролата од слобода биле лишени Ф.Н.(34) од с.Рогле, тетовско, В.Н.(44) од Крива Паланка и М.Д.Т.(32) од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело по член 191 од Кривичниот законик.
Тројцата осомничени биле задржани во полициска станица и по целосното документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава, се додава во полициското соопштение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа