ВИДЕО: Поднесени 20 кривични пријави против осомничените во големата полициска акција "Шпион"

МВР по синоќешната голема полициска акција "Шпион", поднесе кривични пријави против 20 лица осомничени за злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, шпионажа, уцени и измама.

Кривична пријава е поднесена против М.Е.(52) од Скопје, поранешен вработен во Агенција за разузнавање на Македонија, И.А.(55) од Скопје, вработен во Агенцијата за разузнавање, А.А.(46) од Скопје, вработен во Агенцијата за разузнавање, З.К.(48) од Скопје, вработен во МВР – Управа за безбедност и контраразузнавање, М.З.(44) од Куманово, поранешен вработен во АРМ, Б.П.(52) од Велес, Б.Ц.(49) од Скопје, вработен во Министерството за одбрана на Македонија, З.Б.(47) од Куманово, по занимање новинар со моментален престој во Србија, сопственик на електронски медиум „Буревесник“. Кривични пријава е поднесена и против М.Н.(41) од Куманово, кој моментално живее во Скопје, Ј.М.(38) од Крива Паланка, Г.С.(43) од Скопје, поранешен вработен во МВР како полициски генерал, М.М.(45) од Скопје, шеф на Кабинетот на Претседателот на Собрание на Македонија, С.М.(40) од Скопје, В.С.(35) од Скопје, вработен во Државен Архив, В.Ц.(35) од Скопје, поранешен директор на Управата за финансиско разузнавање, А.Д.(54) од Скопје, А.В.(58) од Скопје, Ц.Д.(57) од Скопје, поранешен вработен во МВР, Ж.П.(56) од Скопје, поранешен вработен во МВР  и Т.К.(54) од Скопје, вработен во Министерството за одбрана. 

По три лица полицијата се уште трага, а МВР продолжува со натамошни мерки за целосно расчистување на случајот.

На денешната прес-конференција, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, информираше дека шпионите соработувале со една соседна држава: - Криминалната група дејствувала на тој начин што петмина за потребите на странски разузнавачки служби прибирале класифицирани тајни податоци и документи, за организациската поставеност и внатрешната структуираност на безбедносните и други институции, податоци за политичката и безбедносната состојба во државата, изборите, општата безбедносна состојба во државата од аспект на можен ризик и ескалација во конкретниот период, програма за посета и престој на високи претставници на странски разузнавачки служби, имиња на лица кои биле во посета, за состојбите во верските заедниси што се однесувале и на радикалните структури во Македонија и во Албанија, за  структурите кои ги финансираат и други информации од сличен вид, образложи Јанкулоска.

Инаку, при претрес на нивните домови се пронајдени и одземени компјутери, 27 лап-топи,  32 мобилни телефони, мемориски картички, 16 парчиња огнено оружје, УСБ-стикови, обемна докуменатација...

ВИДЕО:МВР

17.09.2013 - 15:18

најчитано сега