Иванов и Јахјага задоволни од надминувањето на проблемот во трговската размена

 

Денеска претседателите на Македонија и на Косово, Ѓорге Иванов и Атифете Јахјага, на заедничка прес-конференција на Самитот во Драч изразија задоволство од надминувањето на неодамнешниот проблем во трговската размена и изразија надеж дека во иднина вакви проблеми ќе нема.

- Се надевам дека од ова ќе се извлече поука за во иднина на кој начин ваквите прашања да се регулираат, рече Иванов, додавајќи дека сите земји се членки на ЦЕФТА, која има свои стандарди и принципи кои доколку се почитуваат нема да дојде до вакви настани.

 - Недоразбирањето, а не би рекла трговската војна, е надмината и се надеваме веќе нема да се повтори. Благодарение на двете влади е најдено решение со што го надминавме недоразбирањето во прилог на двете земји, рече Јахјага.

Двајцата соговорници истакнаа дека Косово и Македонија  имаат заедничка цел - интеграција во Европската унија, а токму прашањето на слободата на движење на луѓе и стоки е еден од главните предуслови на овој пат.

17.09.2013 - 14:21

најчитано сега