Јанкулоска: Шпионите главно работеле за една соседна земја

Полицијата поднесе кривична пријава за 20 лица за кривичните дела шпионажа, злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување, уцена и закана.
На прес конференцијата која пред малку заврши, Министерката за внатрешни, Гордана Јанкулоска откри дека организираната група започнала со работа уште во 2005 година кога првоосомничениот Марјан Ефремов, добил отказ од Агенцијата за разузнвање па решил да го основа злосторничкото здружение.
Тој се здружил со второ и трето осомничените кои се вработени во Агенцијата за разузнавање и со уште двајца вработени во државните институции започнале со криминалните активности против државата.

„ Петмината работеле за странски разузнавачки служби прибирале информации на незаконски начин и ги продавале, а се однесувале на безбедносните институции, политичката состојба во државата, изборите, одредени ризици, имиња на лица за кои се воделе одредени процеси, податоци за тие лица, класифицирани информации за верски заедници и нивни радикални структури“ - соопшти минитерката Гордана Јанкулоска.

Во 2010 групата се збогатила и со вработени во военото разузнавање, во еден мобилен оператор како и со сопственици на медиуми, газди на приватни компании и други вработени во државни институции.
Групата како што соопшти Јанкулоска соработувала со повеќе служби но не сакаше да открие детали за соработката.

„Имаме информации за соработката на оваа група со повеќе странски разузнавачки служби, но главно нивната соработка се водела една соседна држава“ - откри Јанкулоска.

Во текот на вчерашниот ден, полицијата извршила претрес во 30 објекти, домови и службени простории во Собранието, МВР, Одбрана и во Државниот архив. Полицијата смета дека е собран богат доказен материјал кој ќе биде доставен до Јавното обвинителство.

Во моментов пред Истражен судија исказ даваат 15 лица, двајца по апсењето се ослободени а по тројца се уште се трага.

Повеќе на оваа тема:

ФОТО: Осомничените во „Шпион“ изведени пред Истражен судија

Што е шпионажа и како се казнува?

Шпионите денеска пред истражен судија

Дамовски: Ме пуштија на слобода - полицијата беше многу коректна

Акција Шпион: Режисерот на Еднооки Борис Дамовски пуштен на слобода

Детали од „Шпион“: Шпионирале за Грција - дома му се заканувале на познат скопски бизнисмен

Зоран Божиновски: Може и сум соработувал со некоја тајна служба а јас да не знам

ВИДЕО: Вака паднаа шипоните - апсењето во акцијата „Шпион“

МВР откри 22 шпиони: Работеле за повеќе тајни служби - дома имале цели соби документи

Новинарот Зоран Божиновски меѓу осомничените шпиони - се води под името "Луди Милојко"

Мега апсење во Скопје: Падна првиот човек на Вељаноски за шпионажа

ФОТО: Маџовски и Дамовски уапсени за шпионажа

Ване Цветанов и Горан Стојков меѓу уапсените за шпионажа

17.09.2013 - 14:07

најчитано сега