Македонија претставена на Саем за свежо овошје и зеленчук во Москва

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска го посети Саемот за свежо овошје и зеленчук „Светот на храната“ што се одржува секоја година од 16-20 септември во Москва.

Со поддршката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство оваа година учествуваат познати 12 компании, меѓу кои Агро-лозар, Вега Мак, Туран, Хина, Бонум, Витаминка, Кадино индустри, Коро, Агрофруктус и други. Поддршката се обезбедува за поорганизиран настап на најизвезуваните македонски земјоделски производи и тоа квалитетното македонско вино и свежиот и преработен зеленчук и овошје на пазари на кои е недоволно промовирано македонското земјоделско производство.

Министерот Димовски, соопшти денеска МЗШВ, го посетил македонскиот штанд, каде што на средба со македонските изложувачи, нагласил дека ваквите саеми претставуваат одлична можност за стопанствениците за остварување деловни контакти. 

17.09.2013 - 13:05
Фото: 
Влада