Османи: Унгарското искуство во преговорите е од огромно значење за нас
Од клучно значење за Република Македонија е подготовката за почетокот на преговорите со Европската Унија, при што огромно значење има искористувањето на искуството и експертизата на сите земји кои неодамна поминале низ овој процес.
Ова денеска го истакна Бујар Османи кој денеска во Секретаријатот за европски прашања oоствари средба со Амбасадорот на Унгарија, Н.Е. Ласло Дукс.
- “Целта на овие реформи, но и на самите преговори, покрај членството во Унијата, се и придобивките од суштинската трансформација на земјата во европско демократско општество со функционална пазарна економија, ефикасни институции и професионална администрација”-додаде Османи, притоа потенцирајќи дека пристапните преговори се комплексен, обемен и масовен процес, во кој ќе биде потребен ангажман на целото општество.
Двајцата политичари заеднички потенцираа дека Македонија и Унгарија имаат одлични билатерални односи и плодна соработка која и понатаму ќе ја јакнат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа