Зграда полна со бебиња се запали во Чаир - избегната голема трагедија

Во зграда на улицата Емин Дураку во општина Чаир вчера попладне била избегната голема трагедија откако избувнал пожар во подрумските простории.

Како што пренесува порталот Република, се работи за зграда во која живеат поголем број млади семејства со бебиња. За среќа, пожарот бил успешно изгаснат, но чадот кој брзо се проширил и до другите катови, со што биле загрозени станарите од зградата.

-  Причината за пожарот сè уште не е позната и се работи на утврдување. Важно е што пожарникарите успеаја да го локализираат на време пожарот. Повредени нема, а не е причинета ниту поголема материјална штета – вели командантот на скопската Противпожарна бригада, Благоја Менковски, пренесе Република.

Според неофицијални информации, станар од зградата која се запалила се обидел сам да се справи со пламените јазици, но чадот од подрумот се кренал кон другите спратови со што се загрозил животот на станарите. Лицата кои живеат во зградата неможејќи да ги напуштат становите, стоеле на своите тераси додека не се расчисти чадот.

17.09.2013 - 10:43
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега