Полицијата сеуште трага по тројца шпиони

Околу пет часот утринава осомничените во големата полициска акција "Шпион" беа донесени пред истражен судија. 

Се очекува во текот на денот МВР на прес - кофнеренција да соопшти повеќе детали околу акцијата „Шпион“ која течела во изминатите две години, во која беа приведени 17 лица. 

Осомничените соработувале со странски безбедносни служби, оддавале државни тајни и класифицирани информации со различен степен, а при претрес на нивните домови се пронајдени и одземени компјутери, 27 лап-топи,  32 мобилни телефони, мемориски картички, 16 парчиња огнено оружје, УСБ-стикови, обемна докуменатација...

Засега полицијата сеуште трага по тројца осомничени.

17.09.2013 - 10:36

најчитано сега