Седници на три собраниски комисии

Денеска во македонското Собрание седници ќе одржат Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за финансирање и буџет и на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Комисијата за образование, наука и спорт ќе расправа за измените и дополнувањата на Законот за спорт, во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог законот за претворање на побарувањата на државата по основ на јавни давачки во траен влог во Тутунскиот комбинат Прилеп, како и за измените на Законот за јавни набавки, двата во прво читање.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледаат измените на Законот за судовите, Предлог законот за прекршоци и Предлог законот за правда на децата, како и Предлог законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, сите во прво читање.

17.09.2013 - 08:58

најчитано сега