Џејмс Мекеј ќе го претставува НАТО во преговорите со Македонија

 

Џејмс Мекеј, од одделот за политички и безбедносни прашања во НАТО ќе биде главен претставник на Алијансата во пред-пристапните преговори со Македонија, објави Алсат-М. Се очекува тимот од експерти поврзани со техничките прашања за членство на Македонија во Алијанста да пристигне кон крајот на овој месец.

Се очекува преговорите да траат 6-8 месеци, односно до март 2019 година кога Македонија треба да го финализира договорот со Грција, по што земјите членки на Алијансата ќе започнат со ратификација на протоколот за пристапување. Целокупниот процес на пристапување, се очекува да биде завршен во рок од 18 месеци.

 

 

 

 

12.07.2018 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега